Пејачката Ана Кокиќ периодов е во центарот на вниманието заради разводот од ватерполистот Никола Раѓен, кој се уште не е конечен. Ана вели, останало уште да ги потпишат документите. Изминатиов период признава за неа бил исклучително тежок и болен, но, вели, се поминува. 

„Морав сама да го одболувам својот најголем пораз во животот. Кога со некого ќе поминете повеќе од деценија не може да ви е сеедно. Поминав исклучително болен период во животот, но одиме понатаму, ќе ги паметам само убавите работи“, вели Ана.

Признава дека во изминативе десет години била посветена исклучиво на семејството, па затоа сега сакала малку повеќе да си се посвети на себе и на кариерата. Вели, ќерките се големки и сега и останува повеќе време за неа. За нова љубов не размислува. 

„Воопшто не размислувам на таа тема. Посветена сум на работата и ќерките и мислам дека ќе помине уште доста време за некој да го заслужи моето внимание. Навистина сега воопшто и не помислувам на тоа. Спаѓам во онаа група разведени жени кои велат дека никогаш повеќе нема да се омажат“, додава Ана. 

1
loading...

Најчитани вести