Општина Карпош спроведе дна од најголемите еко – акции на својата територија. Денеска се чистеше на повеќе ударни локации, во различни населби. Градоначалникот, општинската администрација, советниците, повеќе јавни претпријатија, приватни фирми, еколошки друштва, граѓани се приклучија кон акцијата. Се чистеше околу платото на  „Млечен“, но и долж Кејот на Вардар, Т.Ц „Лептокарија“, платото во Порта Влае, долж булеварот „Партизански одреди“ и Козле.

Градоначалникот Стефан Богоев посочи дека денеска се мијат и поголем дел од сервисните улици низ општината, како „Бледски договор“, „Љубљанска“ и „Париска“.

„Оваа еко – акција за чистење на Општината започна вчера, кога најмладите ги уредуваа училишните дворови. Продолжуваме денеска, со еко – офанзива во која се приклучија повеќе од 20 општествено одговорни субјекти, општинската администрација, граѓаните, граѓанските организации. Тековно и секојдневно се грижиме за јавната хигиена, но целта на овие акции е да се подигне јавната свест кај сите чинители. Не ни треба повод и меѓународен ден за да се вклучиме во акција, секој носи одговорност, Карпош нека дише“, рече Богоев.

извор: Makfax

31

Најчитани вести