Поради најавените настани во организација на политичките партии за време на викендов (13 и 14 април), скопската сообраќајна полиција ќе воведе посебен сообраќаен режим на градските сообраќајници на кои ќе се одвиваат овие настани.

Од МВР информираат дека во сабота (13 април) поради митингот на ВМРО-ДПМНЕ закажан за 19 часот пред Владата, ќе се воведе посебен сообраќаен режим. Истиот предвидува затворање на дел од булеварот „Илинден“ на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“.

Посебниот сообраќаен режим ќе започне вечерва од 19 часот и ќе трае утре до полноќ.

Поради маршот организиран од политичката партија СДСМ, чиј што почеток е закажан за 12.30 часот во недела, за сообраќај ќе бидат затворени улиците по кои што ќе се одвива настанот.

Од МВР соопштуваат дека блокадата ќе започнува од Соборниот храм, потоа право по булеварот „Партизански одреди“, десно по улицата „Васил Главинов“, па лево по улицата „Димитрие Чуповски“ и право до крстосницата помеѓу улицата „11-ти Октомври“ и булеварот „Кочо Рацин“.

Потоа, од пред МТВ и МАНУ право по булеварот „Крсте Петков Мисирков“, право по булеварот „Кочо Рацин“ до крстосницата со улицата „11-ти Октомври“, како и од пред Транспортен центар право по булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, лево по булеварот „Кочо Рацин“ до крстосница со улицата „11-ти Октомври“.

Исто така, ќе биде затворена делницата од Тутунски комбинат право по улицата „11-ти Октомври“ до крстосницата со булеварот „Кочо Рацин“, како и од крстосницата помеѓу булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Беласица“ право по булеварот „Кочо Рацин“, десно по улицата „Свети Кирил и Методиј“ до седиштето на ЕУ, каде што во 14 часот ќе се одржи митинг.

Покрај ова, од 13 април од 14 часот до 14 април до 24 часот, ќе биде затворена за сообраќај улицата „Свети Кирил и Методиј“ и тоа на потегот од крстосницата со булеварот „Кочо Рацин“ до крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“.

Поради сето ова МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во централното подрачје на Град Скопје.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести