Сегментирано и поделено! Наместо единство, соживот и мултиетничност-МОНОЕТНИЧНОСТ! Тетовската градоначалничка Теута Арифи нема време да се занимава со депониите, уличните кучиња и дупките на улиците, но горда е кога на едно место ги собира албанските општини од соседството!

Градоначникот на Тетово Теута Арифи работи на меѓународна ,,селектирана” соработка-строго со општини со албанско население, и дури  води агенда која воопшто не е во согласно со Уставот и  не кореспондира со темата “едно општество за сите” за која се залага премиерот Заев и нејзината ДУИ.

Во време на кампања кога едните или другите ги убедуваат граѓаните да гласаат за ниванта опција за претседател на Македонија, Теута Арифи од често нечистиот град Тетово на својот Фејсбук профил гордо  пишува дека на едно место ќе се собереле албанските општини во регионот.

Но да ја потсетиме дека живее во мултиетничко општество во кое треба да промовира заедништво и соживот а не да фаворизира само една етничка популација. Да ја потесетиме и дека живее во Македонија и на собирот да не заборави да го истакне македонското знаме. И веднаш ја прашуваме дали ќе се интонира македонската химна, или по теркот на Заев безболно и елегантно ќе биде прескокната. 

Арифи на Фејсбук напиша:

Во п еток 12.04.19 и сабота 13.04.19г. Тетово ќе биде домаќин на третиот состанок на Сојузот на албански општини во регионот!
Тема на дискусија ќе бидат најдобрите практики во општинското управување и проблемите и предизвиците со кои се соочуваат нашите општини!Трета средба на Тирана, Приштина, Тетово, Валона, Призрен, Улцињ, Прешево и Гостивар.

Трет состанок на албанските општини во регионот !

Тетово, 12.04.19 и 13.04.19г.

1

Најчитани вести