Подвиг каков што никој не очекуваше приредија македонските ракометари во Исланд.

Победивме селекција која ретко губи на домашен терен и тоа со пресврт кој го отсликува карактерот на младиот тим воден од млад селектор-дебитант како Данило Брестовац.

По триумфот со голот на Манасков во последната секунда, Арнор Гунарсон рече:

„Почнавме добро во првите десетина минути, но неприфатливо е да примите 34 гола на домашен терен. Нивниот кружен напаѓач има околу 140 килограми и кога ќе ја прими топката на линијата многу тешко е да се игра против него. Нашата лоша одбрана нè уби вечерва. Ова беше луд натпревар. Одиме во Скопје по бодови, знаеме дека ќе биде тешко, но одиме таму да победиме“.

Многу генерации македонски ракометари не победиле на теренот на Исланд во повеќе од две децении наназад.

3
loading...

Најчитани вести