Акцијата за собирање на кабаст отпад и електронска опрема која Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ ја спроведуваат заедно, денеска и утре продолжува во урбаните заедници: „Цветан Димов“ и „Бирарија“. Во истите урбани заедници локалната самоуправа ќе спроведе активности за расчистување на сметот. Во исто време ќе се средуваат детските игралишта, а ќе се кастрат и сувите гранки на дрвјата и грмушките.

Кабастиот отпад граѓаните треба да го одложуваат до 11:00 часот пред своите домови, на тротоарите, но потребно е да внимаваат истиот да не го попречува движењето на возилата и пешаците. Одлагањето на отпадот забрането е после опредленото време и датум.

Минатата седмица во оваа општина во склоп на акцијата беа собрани 5 тони кабаст отпад и електронска опрема.

7
loading...

Најчитани вести