Кандидатот за претседател на Македонија Стево Пендаровски на ДУИ и СДСМ деновиве изјави дека гласовите на македонските Албанци се НЕГОВИ гласови кои, привремено во првиот круг ќе одат кај кандидатот Река, а потоа во вториот ќе одат кај него. Пендаровски така ги “присвои“ албанските гласови пред и да почне гласањето, а за македонските гласови Пендаровски не му ја мисли, тие ќе ги “има“ во малцинство во однос на противкандидатката Гордана Сиљановска.

Пендаровски се крсти во гласачите на ДУИ заборавајќи дека токму за ДУИ Пендаровски тврдеше дека се “измеќари на режимот“ за кои не верува дека воопшто таму кај нив има здраво ткиво. Сега измеќарите треба од него да направат претседател на Македонија. Кој е тој морал, етика и достоинство и кај “измеќарите“ и кај Пендаровски кога заради функција мора да се излиже тоа што Пендаровски го осплукал.

А за останатите гласачи, познато едека Пендаровски ги нарекуваше стока, овци и стадо. Стадото сега треба да се поклони пред својот пастир.

 

1
loading...

Најчитани вести