Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски попладнево имаше средба со граѓаните на општина Зелениково при што изнесе неколку основни факти и причини зошто граѓаните на овие избори и даваат поголема доверба на кандидатката Гордана Сиљановска, и зошто се очекува нејзина победа и во првиот и во вториот круг на претседателските избори. 

Оние кои гласаа на парламентарните и на локалните избори за СДСМ сега се соочуваат со својата одговорност и разочарување бидејќи беа прелажани со големи ветувања кои не само што не се исполнија, туку се случија и неколку крупни и важни политички одлуки од страна на СДСМ кои не ни беа предмет на изборите како високите даноци, двојазичноста и промена на уставното име, а потоа се донесоа и ја загрозија економијата, стабилноста на државата и идентитетот на Македонија, рече потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски.

Според него наредните избори се можност разочараните и прелажаните јасно и гласно со своето гласање на изборите да го покажат својот гнев и разочарување, и да стават крај на политиката која ги води во правец од кој може да се запре и државата да се врати во нормалниот живот и правниот систем само доколку Гордана Сољаносвка победи на овие избори.

Александар Николски се осврна и на потребата и можноста за враќање на изворното име на државата - Република Македонија.

Тоа е можно и потребно, рече Николоски. За да се оствари потребно е ВМРО ДПМНЕ да добие поддршка од граѓаните и заедно со коалиционите партнери да има 80 пратеници во собранието. - “Како што 80 пратеници ја укинаа Република Македонија, така други 80 пратеници ќе го вратат уставното име“, рече Николоски и најави дека по победата на Гордана Сиљановска веќе на 6 мај почнува серија митинзи за вонредни парламентарни избори.

3

Најчитани вести