Ана Винтур, долгогодишната уредничка на американското издание на „Вог“, во интервју за Си-ен-ен открила зошто постојано носи очила за сонце.

Винтур рекла дека неодамна имала операција на окото и тоа е една од причините, но кога водителката забележала дека и пред операцијата постојано се појавувала со очила, Винтур рекла: „Можам да ви кажам дека очилата се многу корисни, луѓето не ги гледаат вашите реакции, не се обидуваат да ви ги прочитаат мислите. Очилата го кријат заморот, лошото расположение … Луѓето не гледаат каде гледате.“

1
loading...

Најчитани вести