Гостувајќи на ТВ Алсат, претседателот на ВМРО ДПМНЕ директно и конкретно одговори на прашањето: како ќе се однесувате ако победите на избори и добиете власт во однос на почитувањето или менувањето на додавката Северна Македонија како резултат на преспанскиот договор.

- Промената на уставното име се случи по насилен пат, и сите тоа го видовме и го знаеме. На наредните парламентарни избори ВМРО ДПМНЕ ќе излезе со своја програма која, меѓу другото, се однесува и на ова прашање а одговорот е конкретен и директен. Ќе побараме поддршка од граѓаните за враќање на изворното име Република Македонија пред да го направи Заев тоа што го направи, и ќе се залагаме за тоа. Доколку на избори добиеме поддршка за 80 или повеќе пратеници, и обезбедиме бадентерово мнозинство ние ќе извршиме промена на сегашниот устав, и ќе го вратиме изворното, автентично име Македонија, односно Република Македонија.

За тоа ќе одлучат самите граѓани, а ние се залагаме да добиеме потребна поддршка за тој процес.

16
loading...

Најчитани вести