Премиерот Зоран Заев не очекува претседателот, Ѓорге Иванов да даде аболиција за осудените од настаните во Собранието, на 27 април. Запрашан, дали е можно Иванов да ги аболицира осудените пред истекот на мандатот, по повод неколкуте барања кои пристигнале до неговиот Кабинет, Заев изјави дека законски не е можно да се случи тоа.

„Не очекувам аболиција од претседателот Иванов. Не постои такво нешто како законска можност. Со последното давање на аболицијата и со поништувањето, по закон претседателот тоа право не може да го искористи повеќе“, изјави Заев.

Семејствата на 14 осудени за настаните од 27 април во Собранието поднеле барање за помилување до претседателот Ѓорге Иванов. Барање за помилување поднесено е и за ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, кој беше осуден на 18 години казна затвор.

извор: Makfax

1

Најчитани вести