Потребни состојки:

  • 1 лажица брашно
  • 3 поголеми компира
  • 1 јајце
  • оцет
  • 2-3 лажици масло
  • сол


Начин на приготвување: Излупете ги компирите, исечете ги на поголеми квадратчиња и ставете ги да се варат во посолена вода. За тоа време подгответе бела запршка од брашното и маслото, па додајте ги варените компири и водата во која се вареа компирите. Измешајте се и оставете да се повари десетина минути, а потоа иставете ја супата од огинот и зачинете ја со разматено јајце, во кое сте додале вински оцет. При служењето посипете ја супата со црн пипер.

 

2
loading...

Најчитани вести