Демократската Унија за Интеграција како дел од активностите за Претседателските избори, по одржување на средбите со граѓаните во Преспа и Битола одржа средба и со граѓаните на Охрид, каде членовите на Централниот изборен штаб, кои се обратија пред присутните, едногласно истакнаа дека гласот за консензуален претседател е глас за иднината на земјата и глас за напредок во процесите за членство во НАТО и во ЕУ.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети пред охриѓани рече дека на последните локални избори, за прв пат се обединиле и се поддржале кандидатите на двете партии.

„Демократската Унија за Интеграција во градот Скопје, Куманово и Охрид даде поддршка за кандидатите на владиниот партнер, додека ние добивме поддршка каде во трка беа нашите кандидати, во Тетово, Гостивар, Кичево и Чаир. Воедно заедно го спроведовме и референдумот, еден многу важен момент бидејќи се одлучуваше за тоа дали ќе се оди напред или ќе се вратиме назад“, истакна претседателот на ДУИ.

Ахмети во обраќањето посочи и дека пред 5 години требало да се изнајде заеднички јазик за консензуален кандидат за претставник на државата.

„Подобро покасно, отколку никогаш, бидејќи еве на крај се постигна, со дебати и консултации и со ова ние инсталираме вредности со заеднички кандидат, со Стево Пендаровски како претседател и наш претставник. На 21 април не се гласа само него, се гласа и за Европската иднина на земјата, се гласа за полноправно членство во НАТО, затоа што другата страна се двоуми и не е спремна да ги исполни обврските кои произлегуваат од барањата и договорите со меѓународна одговорност“, нагласи тој.

Воедно, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, упати повик до сите охриѓани за градоначалник на Општината да го гласаат кандидатот Константин Георгиевски.

„Оваа поддршка ќе ви се врати со добрина. Сите граѓани кои живеете во градот Охрид, на 21 април гласајте за Константин затоа што гласате за себеси, за Вашите деца, за Вашата иднина, без разлика на која заедница и припаѓате, бидејќи на крај на краиштата сите сте жители на Охрид“, посочи Ахмети.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести