До денешен ден во оваа истрага биле отстранети 15 затворени плантажи со канабис и запленети 8.255 билки канабис, околу 100.000 евра во кеш и злато, 4 луксузни возила и 63 електронски уреди.

Со поддршка на Европол, 64 припадници на албанските организирани криминални групи биле уапсени на 3-ти и 5-ти април. Тие се уапсени во текот на истовремената полициска операција која била спроведена во Белгија, Франција, Холандија и Италија, и во која учествувале 600 полицајци. 

Се верува дека осомничените илегално произведувале и тргувале со дрога и дека се поврзани со трговија на луѓе, проституција и перење на пари, се наведува во соопштението на Европол.

Наведената полициска акција ја следи и сложена истрага која се занимава со активностите на оваа организирана криминална група која делува во Белгија, Франција, Холандија, Италија и Велика Британија, а се верува дека осомничените управувале со голем број на плантажи канабис распоредени ширум Белгија и на северот на Франција, а некои од нив исто така биле вклучени во случаи со трговија на луѓе во Франција.

Во оваа полициска операција биле уапсени 55 лица во Белгија, вклучувајќи го и лидерот на оваа криминална група, 7 лица во Холандија и уште 2 лица во Франција, а во акцијата покрај белгиската, учествувале француската, италијанската, холандската и британската полиција, додека Европол ја поддржал истрагата овозможувајќи размена на информации, проверка на податоци во реално време и друга потребна техничка поддршка.

До денешен ден во оваа истрага биле отстранети 15 затворени плантажи со канабис и запленети 8.255 билки канабис, околу 100.000 евра во кеш и злато, 4 луксузни возила и 63 електронски уреди.

Албанскиот организиран криминал и натаму останува голем проблем за сите европски земји, а тоа е закана која Европол ја сфаќа многу сериозно. Се очекуваат уште операции од овој тип во блиска иднина, како одговор на полицијата на овој вид криминални активности, се наведува на крајот од соопштението на Европол.

214
loading...

Најчитани вести