Македонската економија годинава ќе биде најслаба во регонот заедно со црногорската, прогнозира Светска банка во пролетниот извештај. Ралниот раст на економијата, според нивната проекција, не е толку оптимистички, ќе достигне до 2,9% од БДП, наспрема владините проекции од 3,2%.

Нашите соседи Албанија и Србија, но и Босна и Херцеговина го намалија јавниот долг, а кај нас тој се зголемува и годинава ќе достигне до фантастични 53,4% од БДП. Но од Светска банка се уверени дека тоа ќе биде привремено и нема да трае долго, но и дека е добро тоа што Владата не ги потрошила парите од последната еврообврзница.

 „Очекуваме зголемување на јавниот долг, поради забрзување на изградбата на автопатиштата и мислиме дека ова е привремен феномен. Кога ќе заврши изградбата долгот ќе се намали повторно. Во регионот гледаме дека и земјите кои што се во фаза на изградба на автопатишта се соочуваат со зголемување на јавниот долг, но откако изградба ќе заврши гледаме намалување. Важно е да се осигура дека задолженоста која што се случува да се користи само за она што ќе го забрза растот во иднина.“ – изјави Сања Маџаревиќ Шустер, Светска банка.

Владата да внимава како ги дели субвенциите, а новото зголемување на минималната плата што го најави Заев, според Светска банка, ќе ја погоди текстилната индустрија.

Светска банка забележува и дека продуктивноста на македонските работници заостанува зад земјите во регионот. Невработеноста се намалува, но половина од работоспособното население со години е неактивно.

– „Има многу млади луѓе коишто денгубат и не се вклучени ниту во некаква обука ниту на пазарот на трудот. Продуктивните години им се изгубени. Во просек 24 години кај мажите се губат во смила на тоа што луѓето се неактивни, односно надвор од работната сила. И ако направима споредба со земјте во регионот, навистина тоа се многу години.“ – изјави Сања Маџаревиќ Шустер, Светска банка.

Светска банка препорачува државата да ја зголеми соработката меѓу странските директни инвестиции и локалните компании коишто, пак, треба да работат по европски стандарди. Извозот од овие иневстиции има позитивен придонес кон растот на економијата.

Годинава најголем раст на економијата ќе има Косово, со 4,4%. Потоа Албанија 3,8%, Србија со 3,5% и Босна и Херцеговина ќе има раст од 3,4%.

1

Најчитани вести