Поранешниот косовски премиер Бајрам Косуми предлага четирите „мали балкански земји“ – Албанија, Косово, Северна Македонија и Црна Гора, да формираат „модерна конфедерација“, во чија основа би биле заедничката дипломатија и војска, трговијата и слободниот проток на луѓе и стоки, јави дописникот на МИА од Приштина.

Конфедерацијата би имала околу 8,5 милиони жители од кои околу 5,5 милиони (67%) би биле Албанци, а Македонците со помалку од 1,5 милиони би учествувале со помалку од 18% во таа конфедерација и би биле малцинство. Тоа би била најголема албанска држава, поголема и од прокетот за Голема Албанија.

Во авторски текст, што денеска го пренесуваат приштинските медиуми, Бајрами вели дека една таква идеја би можела да се реализира од причина што тие земји воопшто немаат претензии една кон друга.

– Зошто може да се создаде една модерна конфедерација, кога Албанците се составен дел од секоја држава и како мнозинска нација? Затоа што токму Албанците имаат стратешки интерес да ја зачуваат независноста и пријателските односи со Северна Македонија и Црна Гора, токму поради албанскиот фактор во тие држави и поради хегемонистичките апетити на Србија и политиките на влијание на другите, пишува Косуми, кој беше косовски премиер од 2005 до 2006 година.

Според поранешниот косовски премиер, четирите држави имаат мали територии, мали пазари и не многу развиени економии, а нивниот бруто производ се движи од пет милијарди долари, колку што има Црна Гора, до 13 милијарди, колку што има Албанија. Косуми напоменува дека сите мали држави од Југоисточна Европа заедно, немаат бруто производ колку една Чешка, на пример.

Тој смета дела обединувањето на четирите мали држави, би им заштедила голем дел од буџетот на секоја од нив на полето на дипломатијата.

– Со еден можен договор меѓу четирите мали држави за надворешните политики и дипломатијата, наместо 28 амбасади колку што има Црна Гора до 37 амбасади на Албанија (Северна Македонија и Косово имаат меѓу овие бројки), можат да имаат 126 амбасади, под услов една амбасада да ги претставува четирите држави. Со тоа многукратно ќе се намалат трошоците за амбасади и многукратно ќе се зголеми покриеноста на четирите држави со претставништва, наведува Косуми.

Тој вели дека корист од обединувањето во конфедерација тие земји би имале и на безбедносен план.

– Војските на овие мали земји поаѓаат од 2.500 колку што има Косово и исто толку Црна Гора, до 9.000-10.000 колку што имаат Северна Македонија и Албанија. Ниедна од малите војски на овие четири земји не може да биде гаранција за безбедноста на земјата од која било посредна регионална или европска земја, се разбира доколку (американскиот претседател Доналд) Трамп има дилеми зошто на пример НАТО би требало да ја брани Црна Гора, пишува поранешниот косовски премиер Бајрам Косуми, кој моментно е ректор на Универзитетот во Гњилане и професор по новинарство на Приштинскиот универзитет.

1
loading...

Најчитани вести