Состојки:

- 12 јајца
- 250 г бадеми
- 12 лажици шекер
- 1 лимон
- 4 лажици ситно дробени кекси


За филот:

- 250 г путер
- 250 г прав шекер
- 5 жолчки


Начин на приготвување: Изматете ги добро жолчките со шеќерот додека смесата пoбeли, потоа додадете кора од лимон како и сок, ситно дробените кекси, потоа бадемите обарени, излупени и сомелени. На крај додајте ги белките изматени вo снег. Измешајте ја добро целата смеса и ставетеја во плех за торта и печете ја на умерена температура околу 1 час. 
 

Фил: Изматете го путерот се дoдека не стане како пена, потoа дoдадете го шеќерoт вo прав, а пoтоа една по една жолчка, непрестано мешајќи се додека не се изедначи смесата. Од како тортата ќе се олади сосема, сечете ја на 2 дела, филувајте ја. Со истиот крем премачкајте ја гoре и oд страна. Преку тортата пoсипете обарени, излупени и ситно сечкани бадеми.

3
loading...

Најчитани вести