logo
logo
logo

Зошто Заев го одбира токму Шилегов?

Vecer | 05.06.2021

Зошто Заев го одбира токму Шилегов?

Зошто Петре Шилегов, покрај сиот багаж кој го влече зад себе, е фаворит на Зоран Заев за градоначалник на Скопје? ВМРО ДПМНЕ го дава одговорот:

Не сме изненадени што Шилегов е фаворит на Заев за Скопје, зарем чесен и работлив ќе биде? – Нормално криминалец и мрзелив како Заев. Петре Шилегов 4 години со прст не мрдна за Скопје. Никаде ги нема тунелот под Кале, продолжувањето на булевар Илинден со мост преку Вардар кон Ѓорче Петров, сообраќајниците на повеќе нивоа, зелените кровови на сите јавни институции и приватни згради. Шилегов во овие четири години покажа дека го разбира моделот “евро за Вицето, евро за црквата”. Набавката на противпожарно возило со скала за 1.7 милиони евра, што е двојнк поскапо од исто такво набавено од град Загреб е апсолутен доказ за тоа.

Можеби оваа набавка беше пресудна за Заев тој да се одлучи дека Шилегов е негов фаворит. Впрочем ова е слика и прилика за тоа како работи СДСМ.

Во последните четири години од управувањето на град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски, засадени се 256.000 листопадни дрвја и зимзелени садници, а подигнати се 330.000 квадратни метри нови зелени површини. Сега Шилегов се фали дека посадил 11.500 садници.4 години само криминал, корупција и провизии.

4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk