logo
logo
logo

Јован Донев појаснува

Зошто Заев беше во Брисел и зошто ПОСЕТАТА НЕМА ВРСКА СО ПРЕГОВОРИТЕ

Vecer | 12.05.2021

Зошто Заев беше во Брисел и зошто ПОСЕТАТА НЕМА ВРСКА СО ПРЕГОВОРИТЕ

Македонската дипломатија и надворешна политика се  траги-комедија и  комедија за странските набљудувачи. Главните креатори на надворешната политика на Македонија најверојатно или не се целосно посветени или немаат капацитет и затоа ни се случуваат вакви работи какви што ни се случуваат, вели Јован Донев, професор и поранешен амбасадор на Македонија, за „Што не е јасно“ на Алфа.

Според него  не треба да очекуваме некои изненадување во однос на сегашната посета на Заев во Брисел, бидејќи истата доаѓа две недели најмногу после посетата на Пендаровски, што е комплетно неприфатливо во дипломатијата.

- Ако претседателот пред две недели бил во Брисел и разговарал со врвните луѓе во Брисел, нема зошто премиерот да оди, едноставно што имало се кажало на тие средби и од тие средби сигурно се циркулирале белешки. Тоа е една работа. Втора работа е нема што ново да се каже, точките за разговор на претседателот и премиерот ги подготвував нашето министерство за надворешни работи, не може вие да смислите нова точка за две недели на премиерот, нешто ново да се случило за да тој мора лично да оди, истакна Донев.

Тој додава дека посетата на Заев е само поправање на неговиот имиџ во Македонија и нема никаква врска со преговорите ниту има допринос.

- Посетата беше адресирана кај луѓе со кои нема за што да се разговара. Брисел не одлучува дали ќе почнат преговори со Македонија или нема да почнат, одлучуваат земјите членки на ЕУ, нагласи Донев.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk