logo
logo
logo

Зошто СМРТНОСТА ВО МАКЕДОНИЈА СЕ УШТЕ Е ГОЛЕМА, надлежните кажуваат едно, пациентите друго

Vecer | 27.05.2021

Зошто СМРТНОСТА ВО МАКЕДОНИЈА СЕ УШТЕ Е ГОЛЕМА, надлежните кажуваат едно, пациентите друго

Иако продолжува трендот на се помал број на заразени на дневна основа, сепак бројот на починати и натаму е висок. Речиси секој ден таа бројка е двоцифрена.

На што се должи високата смртност во Македонија, се уште е нејасно, властите досега не направија анализа, или не се обидоа тоа да го објаснат.  Македонската јавност се уште нема одговор зошто толку многу граѓани ја губат  битката со корона вирусот.

Заменик министерот за здравство, Хасани вели дека наскоро ќе се намали бројот на починати, но како што рече треба тоа да се очекува во следните недели, а според него протоколите за лекување н КОВИД пациенти не се причина за високата смртност.

- Тие се применуваат во установите каде што се третираат пациентите со КОВИД-19, и тоа под  контрола на две круцијални клиники, Клиниката за инфективни болести и Клиниката КАРИЛ, каде што ги пренесуваме информациите на сите доктори кои ги лекуваат КОВИД пациентите и врз основа на тоа не можеме да кажеме дека некој пациент добива надстандардно или подстандардно третирање.

Сепак, за разлика од тврдењата на властите, пациентите обелоденуваат како биле третирани. Пациентот Зоран Нацевски, за Алфа изјави дека тоа се пеколни моменти на клиниката за ОРЛ.

- Јас не можам, нив да ги обвинам, нивните можности беа толку, немаше еден апарат за механичка вентилација, тие не правеа разлика помеѓу тешки и лесни пациенти. Дојде сестра на визита, да ми мери температура и вика 36,7. А јас горам од температура, вели тој.

Тој всушност вели дека дури и апаратот за мерење на температура не фнкционирал.

Според анализите Македонија е се уште на врвот во светот според починати од коронавирус.

https://www.youtube.com/watch?v=0rwKfHg3IHM&ab_channel=AlfaTVNews

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk