Полицијата била блокирана од врвот, од ДУИ

Зошто Нухиу, министерот од ДУИ, не помогнал полицијата да интервенира во Собранието

Во сведочењето пред судот за настаните на 27-ми април Министерот за внатрешни работи, вице-премиер и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски изјави дека во еден момент додека траеле немилите настани во прес-салата, тој побрал од Талат Џафери да му се јави на тогашниот министер Агим Нухиу и да побара од него помош, односно интервенција на полицијата.

Џафери му се јавил на Нухиу и тој рекол дека ќе интервенира, но според зборовите на Спасовски – „таква интервенција немаше".

Овој момент во сведочењето на Спасовски укажува на повеќе проблеми во случајот. Прво, се потврдува дека Нухиу имал можност да интервенира но од непознати причини тоа не го направил, а потоа се заборава на неговите овластувања и обврски и сета одговорност да се префрла на другите луѓе од МВР кои денес се судени за тероризам, бидеќи Агим Нухиу не е меѓу обвинетите. Дали и Нухиу, во тоа време прв човек на МВР, се амнестира само затоа што е од ДУИ, како и низа негови партиски колеги во повеќе случаи?

Оливер Спасовски добро знае што зборува бидејќи е Министер за внатрешни работи и ги знае своите ингеренции.

Тогашниот министер, а сега заменик министер за внатрешни работи Агим Нухиу ќе се појави како сведок на едно од досега закажаните 65 рочишта, поточно на она закажано за 21-ви септември. Дали сведочењето ќе даде одговор: кој е степенот на вмешаност на ДУИ во насилствата во Собрание? Зошто пратениците и функционерите на ДУИ спонтано го напуштиле местото на настанот непосредно пред да почнат насилствата?

Поврзани

Најнови вести

Коментари