logo
logo
logo

Зошто не е завршена КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП

Vecer | 26.07.2021

Зошто не е завршена КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Општински комитет на ВМРО -ДПМНЕ – Штип, Иван Јорданов на Фејсбук објави видео во кое праша кога актуелната власт планира да ја догради Клиничката болница во Штип.

-Ова зад мене е недовршената Клиничка болница во Штип, која што 5та година е во застој.

Се прашувам колку човечки животи треба да згаснат, колку корона бранови треба да се случат за да власта сфати дека изградбата на оваа Клиничка болница треба да биде приоритет?

Ја користам оваа прилика да го поздравам градоначалникот на општина Штип кој што во овој момент се наоѓа на некоја од плажите во Грција. Единствен начин да се спасат човечки животи е да го искористите вашето влијание како градоначалник да направите притисок врз вашиот ментор Зоран Заев и после пет години застој конечно да ја доврши изградбата на оваа Клиничка болница, вели Јорданов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk