Зоран Башановиќ најплатен советник на Премиерот Заев (ВИДЕО)

ТВ21 обезбеди документ од владиниот кабинет за 55 експерти кои што го советуваат премиерот Заев, а кои ги чинат граѓаните вкупно 45.783 евра месечно или речиси над половина милион евра на годишно ниво.

Според официјални податоци 10 советници, 13 специјални советници и 32 надворешни соработници се ангажирани во кабинетот на премиерот од јули 2017 до март 2018 година.

Според пресметките, просечната плата на овие експерти изнесува 950 евра месечно, односно 11.450 евра годишно.

„10 Советници заедно примаат месечна бруто плата 10.588.00 евра или над 127 илјади евра годишно. 13 специјални советници добиваат месечна бруто плата од 15.870.00 евра или 190 илјади евра годишно", Влада на РМ, Кабинет на премиерот.

Од почетната листа со 56 советници повлечен е Џезаир Шаќири, познат како Командант Хоџа, кој беше назначен за надворешен соработник за внатрешна безбедност и борба против радикализмот. Со највисока месечна плата од 1.500 евра, на чело на листата е Зоран Башановиќ, надворешен соработник за економски прашања. Со 1.200 евра е Александар Обрадовиќ за економски прашања во регионот.

7 од надворешните соработници се доброволно ангажирани, без паричен надомест.

„32 надворешни соработници добиваат хонорар, ангажирани се со едногодишен договор и за нив не се плаќаат придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Месечните приходи за сите надворешни соработници ја достигнуваат бројката од 19.355.00 евра месечно, или 232 илјади евра годишно", – Влада на РМ.

Извор: Тв21

Поврзани

Најнови вести

Коментари