logo
logo
logo

ЗНМ бара брза реакција на МВР и ЈО за ескплицитните закани по животот на новинарите

Vecer | 22.03.2021

ЗНМ бара брза реакција на МВР и ЈО за ескплицитните закани по животот на новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро реагира на јавно искажаните закани по животот како и омаловажувања искажани на профилот на социјалните мрежи на лицето Арбен Есати и ги повикува Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното Јавно Обвинителство (ОЈО) итно да постапат со цел да не се доведат нашите колеги во безбедносен ризик.

На социјална мрежа „фејсбук“, личност со профил именуван како Арбен Есати неодамна објави заканувачки текст проследен со вулгарни зборови кон медиумите: БЕЗ ЦЕНЗУРА, ТВ 21, ГАЗЕТА ЕКСПРЕС, ТЕТОВА СОТ, КОХА ТВ, КОХА ЊУЗ, КУМАНОВА СОТ, ТВ ШЕЊА, ЛАЈМИ ПРЕС. Тој во својата објава јавно се заканува на новинари кои работат во овие медиуми со зборовите: „Ќе ви ги сечам прстите“, „Јас работата ќе ја загубам, ама вам животот ќе ви го земам каде и да сте“, „Не полицијата, туку ни војската не може да ве спаси, жените, вас и сестрите ќе ви ги силувам“,  „децата ќе ви ги…“

Од ЗНМ наведуваат дека овие закани следат после објавите на дел од локалните медиуми кои имаат преземено вест од српски медиум, а во врска со таткото на лицето Есати, лекар кој наводно се понудил да работи во Србија по што следеле разни реакции на социјалните мрежи.

„Укажуваме дека говорот на омраза и заканите по живот се кривични дела предвидени во Кривичниот законик а МВР и ОЈО, треба итно да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот но и да превенираат евентуални дела предизвикани од омраза. Во контекст на тоа Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) поднесе барање до Министерството за внатрешни работи и до СВР Тетово, за брзо постапување во врска со овој случај и итна мерки против лицето Арбен Есати. Од МВР не известија дека преземаат мерки за расчистување на случајот во најбрзо време. Потсетуваме дека безбедноста на новинарите и правото на слободен говор се основните обележја на земја што претендира да биде демократска. Затоа, експлицитните закани по животот на новинарите и членови блиски до нивното семејство мора да бидат санкционирани со цел новинарите да можат безбедно ја вршат својата професија“, соопшти ЗНМ.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk