Зијадин Села е против „Горна Македонија“ без превод

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, побара опозициските партии и партиите на Албанците да бидат вклучени во преговарачкиот процес.

– Ние како Алијанса за Албанците сме против тенденциите за словенизација на името. Како што рековме дека сме против словенско име Македонија, исто така сме и против предлогот кој кружи во дипломатските кругови, околу идејата да бидат употребени имиња со географска одредница напишани само на македонски јазик, како на пример „Горна Македонија". Ние сме против ова бидејќи и ова е тенденција за словенизација и присвојување на името, потенцира Села.

Форумот на албански интелектуалци во Македонија, пак, испрати писмо до меѓународните институции и до преговарачот Метју Нимиц, барајќи предлогот „Горна Македонија", без превод, да биде отфрлен како неприфатлив „бидејќи ги исклучува Албанците и втората најголема заедница во земјата".

Инаку, токму предлогот „Горна Македонија", напишан без превод, е најновиот „фаворит" на грчките медиуми.

Поврзани

Најнови вести

Коментари