logo
logo
logo

Жугиќ: Шилегов нема сработени ниту 15 % од програмата што ја вети пред скопјани

Vecer | 15.04.2021

Жугиќ: Шилегов нема сработени ниту 15 % од програмата што ја вети пред скопјани

Јелена Жугиќ советник во советот на град Скопје од редовите на ВМРО ДПМНЕ во гостување во емисијата „Јади Бурек“ кажа дека Шилегов во услови на пандемија нема направено ништо што е од круцијанла потреба за Скопје и скопјани. Жугиќ рече дека не може човек кој треба да е татко на градот да прави ефтини пи - ар трикови за менување на имиња на улици кога секојдневно луѓе умираат од корона  и тоа најмногу од градот Скопје.

-Што Шилегов има направено за град Скопје и за скопјани во услови на пандемија оти не можеш ти да го игнорираш целиот град нас ни е во црно завиен, половина од дневните смртни случаи се жители на Скопје притоа ти да ми искачаш и да ми правиш ефтин пи- ар со  не знам промена на имиња на улици сега некој брз рапид транспорт нешти така дека ете тој и во услови на пандемија нешто што не го сработил четири години истакна Жугиќ.

Советничката во советот на град Скопје од ВМРО ДПМНЕ Жугиќ потенцираше дека Шилегов како градоначалник на Скопје нема реализирано ниту 15 % од програмата што ја ветил пред скопјани ниту пак сега во време на пандемија приоритет му се граѓаните. Таа кажа дека Шилегов троши пари за се освен за  круцијалните потреби на граѓаните.

-Значи тој статистички нема ни 15-20 % од својата програма сработено. И сега кога е панденија место татко на градот да види како живеaт ранливите категории на граѓани. Значи луѓето носат по една маска по пет по седум . Се трошат милионски суми на некои работи значи приоритетите, лончињата се е измешано заврши Жугиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk