ПРОБИШТИП

Жителите на Бунеш добија нов водоснабдителен систем

На жителите од пробиштипското село Бунеш во употреба им беше предаден новоизградениот водоснабдителен систем преку кој во иднина жителите непречено ќе се снабдуваат со чиста вода за пиење.
- Водоводот е дел од проектот на општина Пробиштип за изградба на водоводи во повеќе населени места во општината. Алтернативното снабдување со вода за пиење од бунари и пумпи во село Бунеш, го заменивме со модерен водоводен систем со кој трајно го решивме проблемот со вода за пиење за педесетината жителите кои останаа во селото. Водоводот е во должина од 2 километри и во неговата изградба општината инвестираше 3 милиони денари од општинскиот Буџет. Изведувач на работите беше компанијата Жикол" од Струмица, градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски.

Новиот водовод во село Бунеш е приклучен на главниот цевковод од Хидросистемот Злетовица" преку кој со вода за пиење се снабдуваат жителите на Пробиштип и на уште три населени места.

Поврзани

Најнови вести

Коментари