ИСТРАЖУВАЊЕ НА ВЕЧЕР И ПОТСЕТУВАЊЕ:

Жени што исчезнаа од македонската политика

Успеавме да стапиме во контакт и со поранешната министерка за образование од редовите на СДСМ Софија Тодорова, во чиј мандат се случија фамозните студентско-средношколски протести во 1997 година. Не би смеело да биде заборавена ниту Златка Поповска, потпретседател на Владата на Бранко Црвенковски до 1998 година, кадар на Социјалистичката партија и вдовица на потпретседателот на Собранието Киро Поповски

Македонија во последно време се обидува да држи чекор со светот во поглед на процентуалната застапеност на жените на политичката сцена.

Во сите македонски Влади, почнувајќи од експертската од 1991 година и сите пратенички состави до денеска, продефилирале осумдесетина припаднички на понежниот пол. Повеќето од нив оставиле силен печат на периодот во кој биле активни, а дел пак повеќе не се занимаваат со политика и се посветиле на своите професии и веќе извесно време се надвор од политиката.

Првата асоцијација на многумина им е поранешната министерка за култура во Владата на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 година и пратеничка во Собранието од 2002 до 2006 година, Ганка Самоилова-Цветановска. До 2005 година беше активна во партијата кога и "ја снема" од политичката сцена.

Денеска сеуште е член на ВМРО-ДПМНЕ, но работи како професор на Музичката Академија во Скопје.

Вели дека не може да предвиди дали во иднина повторно активно ќе се занимава со политика, иако останува лојална на партијата.
-Во моментов работам како професор на Музичката Академија. Дали повторно ќе се активирам во политиката зависи од многу фактори. Јас сеуште сум член на ВМРО-ДПМНЕ, но се посветив на науката. Немав амбиции да бидам дел од сегашниот пратенички состав. Влезот во политиката не беше планиран туку едноставно се случи. Тоа што треба ќе си дојде, вели Самоилова-Цветановска.

Повеќе нејзини колешки останале запаметени по жестоките реплики. Од пратеничките кои биле дел од поранешните парламентарни состави или биле на чело на некои министерства па дури и на вицепремиерски позиции се паметат жестоките дебати на сегашната директорка на Македонскиот Културен Центар во Софија Доста Димовска, професорката Гордана Сиљановска, "зборлестата" Ѓулистана Марковска или пак на Марија Којзеклиска која во моментов работи како заменик-директор на затворот во Штип. Тука е и Наталија Димовска Марковиќ, која во кампањата 1998 јаваше и коњ облечена во народна носија, само за да биде избрана од велешките гласачи. Од политиката се повлече и нејзината сопартијка Радмила Кипријанова, екс вицепремиер во Владата на Георгиевски и екс ректор на државниот Универзитет Кирил и Методиј.

Не би смеело да биде заборавена ниту Златка Поповска, потпретседател на Владата на Бранко Црвенковски до 1998 година, кадар на Социјалистичката партија и вдовица на потпретседателот на Собранието Киро Поповски. Таа сега предава макроекономија на Економскиот факултет во Скопје.

Аделина Марку, поранешна портпаролка на ДПА сега работи на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, и е мајка на две деца.

Успеавме да стапиме во контакт и со поранешната министерка за образование од редовите на СДСМ Софија Тодорова, во чиј мандат се случија фамозните студентско-средношколски протести во 1997 година. Ја пронајдовме на работното место на Правниот факултет. Не беше многу расположена за разговор на оваа тема.

-Сега сум професор на Правниот факултет. Се повлеков кога сметав дека тоа е потребно. Не знам дали повторно ќе се случи јас да бидам дел од некој пратенички состав или од некоја идна Влада на СДСМ. Во моментов сум член и на Комисијата за Хартии од вредност, ни рече Тодорова, која раководеше со ресорот образование во време на студентските и средношколските протести против употребата на албанскиот јазик на Педагошката академија во Скопје.

Градимир МАРКОВСКИ

Поврзани

Најнови вести

Коментари