Жена вршела очни прегледи без соодветно образование, ќе одговара за надрилекарство

Жена од Гевгелија е осомничена за надрилекарство поради тоа што подолг временски период вршела очни прегледи на нејзини сограѓани, а немала завршено соодветно образование.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Г. (62) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „надрилекарство“. Според информациите од МВР, во периодот од мај 2016 година до поднесување на пријавата, пријавената, без да поседува соодветно образование, положен стручен испит и лиценца за работа за вршење на лекарска дејност, вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари