logo
logo
logo

Железничкиот сообраќај нормализиран, исплатен вториот дел од октомвриската плата

Vecer | 30.11.2021

Железничкиот сообраќај нормализиран, исплатен вториот дел од октомвриската плата

Претседателот на Независниот машински персонал во Железници на РСМ Транспорт, Душко Чакаровски во изјава за МИА информираше дека е исполнето барањето, но напоменува дека повторно ќе ја прекинат работата, доколку продолжи праксата со доцнење на исплатата на платите. Согласно со дописот што претходно го имаа испратено до раководството на компанијата, доколку до 25 во месецот не им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, повторно ќе го блокираат сообраќајот. Железничкиот сообраќај беше во прекин од 26 овој месец.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk