Жбогар: ЕУ ќе продолжи со финансирање на проекти во Македонија

Местото на земјите од Западен Балкан е во Европската Унија, но тие треба да исполнат одредени услови кои се потребни за влез во Унијата. Поради тоа ЕУ ќе продолжи да финасира проекти во Македонија, а со тоа и во Дебар каде до сега исто така се реализирани повеке проекти кои се поддржани финасиски од страна на ЕУ. Оваа денеска во Дебар го изјави амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самоел Жбогар , по средбата што ја имаше со градоначалникот на дебар, Ружди Лата .

Жбогар додаде дека Европската комисија на 6 февруари ја усвои Стратегијата за финансиска поддршка на земјите од Западен Балкан, за кои се предвидени 5оо милиони евра, со што и во Македонија ќе има бројни ефекти за социјално економски проекти.

Амбасадорот на ЕУ рече дека и во Дебар се спроведени проекти со финасиска подршка на ЕУ, како што се патот Дебар – Бањиште , потоа тротоарите кон Дебарското езеро и други. Тој додаде дека финансиската подршка за Дебар ќе продолжи и во наредниот период.

„На средбата со градоначалникот на Дебар, бев информиран за состојбата во општината и за можните сфери каде треба да се реализираат проекти. Многу сум задоволен од посетата на Дебар и средбата со градоначалникот“,  истакна Жбогар.

Ружди Лата, изјави дека на амбасдадорот на ЕУ му заблагодарил за финансиската поддршка на досегашните проекти кои се реализирани во Дебар .

„Дебар е целсно оријентриран кон ЕУ, а верувам дека Македонија ќе продолжи кон патот за членлоство во Унијата“ рече Лата .

Во рамките на посетата на Дебар , амбасадорот на ЕУ ги посети Дебарските Бањи – Цапа, Џамијата Инќар, патот Дебар – Бањиште што е граден со средства на ЕУ, како и главната дебарска улица ,која е проект на локалната власт на Дебар . /КМ

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари