logo
logo
logo

ЗЕМЈОТРЕСОТ кој ја стресе земјава бил со епицентар во Грција: ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ

Vecer | 12.05.2021

ЗЕМЈОТРЕСОТ кој ја стресе земјава бил со епицентар во Грција: ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ

Земјотрес ги испаничи граѓаните на Република Македонија во вечерните часови, нешто пред полноќ. Од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, информираат дека вчера вечер на 11.5.2021 година е регистриран земјотрес чиj епицентар се наоѓал 170 км јужно од Скопје во соседна Република Грција.

Од таму додаваат дека земјотресот се случил во 23: 31 часот, со локална Рихтерова магнитуда ML 4.7.

Според досегашните податоци, истиот е почувствуван во Битола, Ресен, Охрид, Струга со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, а во останатите делови на територијата на Македонија со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk