logo
logo
logo

Македонија се најде на листа на земји кои ЛАЖАТ ЗА БРОЈКИТЕ НА КОРОНАВИРУС

Vecer | 06.02.2021

Македонија се најде на листа на земји кои ЛАЖАТ ЗА БРОЈКИТЕ НА КОРОНАВИРУС

Статистички тест сугерира дека неколку земји погрешно ги пријавуваат или измислуваат  случаите на коронавирусот. Слуачјно или не таму се најдовме и ние.

Македонија се најде меѓу земјите за кои Американскиот научно здравствен совет се сомнева дека даваат вистински податоци за состојбата со коронавирусот во земјата. Во нејзино друштво е и Албанија, но и земји како Бангладеш и Таџикистан.

Според Американскиот научно здравствен совет, ова се земјите кои веројатно даваат фабрикувани или сомнителни податоци за бројките за ковид-19: Белорусија, Таџикистан, Египет, Албанија, Македонија, Бангладеш, Украина, Сирија, САД, Индија, Иран итн.

Авторите на студијата заклучиле дека сомнителните резултати се поврзуваат со „помалку развиените земји“.

Во Македонија вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 94.196, бројката на оздравени пациенти е 83.634, на починати е 2.908, а бројот на активни случаи изнесува 7.654.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk