logo
logo
logo

„Зелен хуман град“: Учеството на независни граѓани во изборната трка не може да биде предмет на пазарење

Vecer | 01.08.2021

„Зелен хуман град“: Учеството на независни граѓани во изборната трка не може да биде предмет на пазарење

Од Иницијативата „Зелен хуман град“ велат дека се крајно револтирани од последната изјава на премиерот Зоран Заев, за зголемувањето на прагот за независни листи на локално ниво на 1%, кое како што додаваат од иницијативата, сака да го прикаже како намалување.

Тие порачуваат дека учеството во изборната трка на независни граѓани кои не сакаат да се дел од ниедна партија – не е и не може да биде предмет на пазарење. Уште помалку, предмет на пазарење меѓу партиите.

„ Крајно е понижувачки да се слуша некој кој до вчера беше „на браникот на демократијата“, денес да се става над законот, да зборува во име на други институции кои – ако во Македонија се практикува поделбата на власта – се целосно независни од него и неговата функција. Веруваме дека премиерот Заев е свесен дека со неговите калкулации ќе бидат потребни повеќе потписи за независна советничка листа за Град Скопје отколку за пратеничка листа? За кандидирање на парламентарни избори, независна листа треба да собере 1.000 потписи од цела изборна единица, а за Град Скопје со зголемувањето на прагот на 1% треба да се соберат 5.000 потписи, колку што на локалните избори во 2017 г. „тежел“ еден советнички мандат. Интересно, членот од Изборниот законик во кој е уреден бројот на потребни потписи за кандидирање пратеници преку независна листа не е предмет на измена сега. Ќе биде ли менуван пред следните парламентарни избори ако се кандидира „Зелен хуман град“ со своја, независна, листа?“ соопштија од „Зелен хуман град“.

Оттаму додаваат дека ова владејачко мнозинство требало да покаже дека се разликува од претходниците, но како што велат, наместо тоа, упорно се туркаат недемократските измени на Изборниот законик среде лето, на помалку од една седмица од распишување на изборите, по скратена постапка, со целосна исклученост на јавноста и низ крајно нетранспарентен процес и по многубројните реакции од страна на јавноста.

Тие бараат да се отвори јавна дебата во која ќе учествува нивни претставник, за изборните правила да не решаваат само поголемите партии.

Иницијативата бара прагот за потписи за независни листи да се намали десеткратно за сите општини и да се воведе собирање потписи надвот од општинските канцеларии на ДИК, односно на улица со приложување лична карта, согласно со препораките од ОБСЕ/ОДИХР од 2017 година, каде што е наведено дека „треба да се размисли за обезбедување алтернативни методи за собирање потписи, со цел да се намали потенцијалот за заплашување“.

Иницијативата, исто така бара и измени на Изботниот законик со кои нема да се овозможи рекламирањето во медимите да биде во корист на големите политички партии. „Зелен хуман град“ бара да се почитуваат препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а во овој случај да не се менува Изборниот законик непосредно пред локалните избори закажани за 17 октомври.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk