logo
logo
logo

Зекири: Македонија нема држава без Албанци

Vecer | 13.03.2021

Зекири: Македонија нема држава без Албанци

Потпретсдателот на СДСМ и генерален секретар на Владата, Мумамед Зекири, за Balkan Talks вели дека пописот во 2012 преминал од статистички во политички и затоа пропаднал, додека најавениот од 1 април годинава ќе биде успешен и дека Албанците ќе се пребројат реално.

-Законот е усогласен според европските стандарди, во 2012 година пропадна заради политизација на регистрацијата, каде што сакаа регистрација да ја спроведат надвор од законот и овој процес беше прекинат, вели Зекири.

Тој одговара на полемиките на македонската опозиција за пописот, велејќи дека „без Албанците нема Северна Македонија“.

-Никој не може вештачки да го зголеми бројот, но тие имаат проблем со начинот на размислување за политиката. Македонија нема држава без Албанци и нема држава без свои граѓани. Треба да го гледаат тоа како статистички процес. Правата што ги добила една заедница секогаш ќе бидат тука засекогаш и ние ќе го спроведеме овој попис до крај, вели Закири.

За спорот со Бугарија, поранешниот пратеник вели дека македонската страна е во постојан контакт со бугарската заради негово решавање, додека руските и кинеските вакцини биле избрани заради здравјето на луѓето, но вели „се знае дека нашата насока е кон Западот“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk