Зекири: Груевски е кукавица, ги остави на цедило останатите обвинети од СЈО (ВИДЕО)

Груевски правдата може да ја докаже само тука во Македонија и не може да ја докажува бегајќи и оставајќи ги на цедило останатите обвинети од случаите на СЈО. Како избега, секако имало пропусти и мора точно да се утврди која институција го направила пропустот. Одговорност мора да има, вели потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири во Само вистина на Канал 5, кој рече „Груевски е кукавица".

- Второ, кој му помогнал да стигне до таму, веќе официјалните извештаи покажуваат дека е превезен со дипломатско службено возило на Унгарската амбасада, и тој за недела дена доби статус на азилант. Жално е што земја на ЕУ се вклучи да заштити еден криминалец, за се што направи тој одлучи да избега и да ја потврди вината за се што беше обвинет од СЈО, изјави потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири за Само вистина на Канал 5. Без желба да прејудицира или набедува, смета дека грешката е првично направена во Судот.

- Шест луѓе го чуваа, и тој се жали дека бил прогонуван. Од кого? - праша Зекири.

 

Мухамед Зекири смета дека помирување мора да има, но треба да се види текстот на Законот, а потоа пратениците да проценат. Напомена дека не е член на Националното координативно тело за помирување и не може да ја коментира нивната работа, нити до каде се во процесот:

- Можам да простам но во мое лично име, но не и во име на граѓаните. Јас бев еден од тие кои со име и презиме ги бараа на 27 април во Собранието. Треба да го видиме текстот, и потоа можеме да коментираме, рече Зекири.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари