Алармантна е здравствената состојба на Камчев, во КПУ Затвор Скопје нема дежурен доктор ниту му се дава соодветна терапија, предупредува адвокатскиот тим на Орце Камчев.

– Денес, при редовната посета на господинот Камчев, од страна на дел од неговиот правен тим повторно е констатирано она кое изминатите неколку недели се потврдува, дека здравствената состојба на господинот Камчев е исклучително алармантна, континуирано се влошува и во КПУ Затвор Скопје нема соодветни услови за третирање на истата.

Јордан Камчев постојано има сериозна, силна главоболка , но во КПУ Затвор Скопје нема дежурен доктор за да го прегледа притвореникот. Се праќа медицинска сестра или медицински брат за проверка на состојбата.

Првично, денес во текот на утрото господинот Камчев имал многу сериозна главоболка и од затворскиот ,,медицински тим,, констатирано било дека има спојување на притисоците и дека има видливи отоци на лицето. Потоа, во 14:30 тој се чувствува многу лошо поради што прегледан е повторно во КПУ Затвор Скопје, констатиран е повторно споен притисок, 90 со 70. Предложено му е да биде однесен на Клиниката за Кардиологија, но тој одбил бидејќи од претходното искуство кога е пренесуван смета дека е само дополнително малтретирање за него во состојбата во којашто се наоѓа бидејќи и таму секако не ја добива соодветната терапија со која би се подобрила неговата состојба. Од затворскиот ,,медицински тим,,  оваа негова состојба во КПУ Затвор Скопје ја третираат со сол и газирана вода.

Сериозноста на здравствената состојба во којашто моментално се наоѓа и  несоодветното третирање на истата претставува ризик директно по животот на господинот Камчев.

Од правен, но и етички и морален аспект, и нашиот клиент, господинот Камчев и ние како правна одбрана во целост поддржуваме активности со кои би се докажала правдата, но апелираме на сериозна разумност кај Обвинителството и судиите и нивна рационалност при донесувањето на одлуките. Сметаме дека целта на мерката ефективен притвор која се применува не е директно да се загрозува здравјето и животот на еден човек, стои во реацијата на авокатскиот тим составен од адвокатите Гоце Ристески и Александар Михајлоски.