Делчево

Заврши реконструкцијата на старата џамија во Тработивиште

Заврши реконструкцијата на старата џамија во делчевско Тработивиште, а првата молитва верниците од селото и од регионот ја одржаа на по повод празникот Курбан Бајрам.

Инвестицијата е на Ферки Демировски, кој е приватен бизнисмен по потекло од Тработивиште, а реконструкцијата траеше 2 години.

- Јас не сакам да откријам колку чинеше реконструкцијата, бидејќи тоа е наш подарок за ова население, овде од каде јас потекнувам. Старата џамија беше во многу лоша состојба и затоа се одлучив да инвестираме во нејзината реконструкција и да го вратиме нејзиниот сјај и намена за муслиманското население овде. Се обидовме да го сочуваме автентичниот лик на џамијата. Останува наредната година да ја направиме и фасадата на зградата и минарето, рече Демировски.

Нема точни податоци за староста на овој верски објект, но според информациите на Јаја Оџов, претставник на ИВЗ, градбата е стара повеќе од три века, а старата џамија ја изградил Челеби Заде додека престојувал во овие краеви, а е посветена на Михамед Ибин Ибрахим ага.

Во делчевско Тработивиште во 50-тите години на минатиот век, турското население кое претставувало половина од жителите на селото, се иселило и заминале во Турција. Денес во селото живее само една турска фамилија, но и повеќе ромски семејства кои го прифатиле исламот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари