За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден во учебната 2020/2021 година.

Според изменетиот Календар за организација на работата на училиштата, почетокот на наставата беше одложен за 1 октомври, а бројот на наставни денови намален од 180 на 159.

Поради состојбата со коронавирусот, образовниот процес беше организиран по комбиниран модел – настава на далечина и часови со физичко присуство.

МОН во соработка со Комисијата за заштита од заразни болести и Министерството за здравство, ќе утврдува како ќе се реализира наставата во 2021/2022, во зависност од состојбата со коронавирусот.

makfax.com.mk