Заврши лидерската средба, разговорите продолжуваат

- Наредните денови ќе продолжат разговорите на лидерите на најголемите политички партии кои на денешната средба во Клубот на пратениците бараа решение за составот на Државната изборна комисија, претстојниот есенски референдум за името, формулацијата на реферндумското прашање...

На средбата речиси четири часа се водеа разговори меѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Билал Касами од Беса.

Претседателоте на ДУИ Ахмети по средбата изјави дека постојат разлики, но тие треба да се надминат во интерес на евроинтеграциите.

- Сите треба да се ангажираме за да имаме успешна завршница за имплементација на договор којшто е постигнат со грчката страна. Бидејќи не се исцрпени сите опции останува наредните денови да продолжат разговорите и очекувам сите да дејствуваат храбро и да не ја пропуштиме оваа историска шанса, изјави Ахмети.

Лидерот на БЕСА Билал Касами нагласи дека ќе придонесат преговорите да завршат со договор меѓу партиите за да се фор,ира ДИР и да има успешен и добро органиизран референдум.

- Државата е во многу критична состојба и во многу значајна позиција е сериозно да продолжи во процесот на евроинтеграции. Затоа го поздравуваме овој состанок. Интензивните преговори на политичките чинители се многу важни затоа ќе придонесеме активно овој процес на преговори да заврши со договарање меѓу политичките партии. ДИК да се формира, референдумот да биде успешен во насока на негова организација со цел да се отвори можност сите граѓани слободно да се изјаснат и да ја изразат својата волја се со цел Македонија еднаш засекогаш да стане членка на НАТО и ЕУ, рече Касами.

Друга детали од средбата се очекуваат по изјавите на премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Поврзани

Најнови вести

Коментари