logo
logo
logo

Затвореник пронајден мртов во „Идризово“

Vecer | 06.06.2023

Затвореник пронајден мртов во „Идризово“

Педесетгодишен затвореник од Скопје, кој издржувал казна затвор од 11 години, бил пронајден починат во полуотвореното одделение од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

– На 06.06.2023 во 03.55 часот во СВР – Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ било пријавено дека во просторија во полуотвореното одделение бил пронајден починат затвореникот В.Л. (50) од Скопје, кој издржувал казна затвор од 11 години. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, стои во соопштението од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk