logo
logo
logo

Затвореници пуштени на отсуство ОГРАБИЛЕ АВТОМОБИЛ

Vecer | 07.06.2023

Затвореници пуштени на отсуство ОГРАБИЛЕ АВТОМОБИЛ

Полициски службеници од ЕВР – Аеродром и Драчево синоќа, во 23.45 часот, на булевар „АСНОМ“ ги лишиле од слобода Е.К. (31) и Н.К. (24), двајцата од Скопје.

Како што соопшти МВР, лицата се сомничат дека на истиот булевар со употреба на сила и алат отвориле возило „Фолксваген Кеди“ со скопски регистарски ознаки и од него одзеле предмет, а се обиделе да го одземат и возилото.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

По преземени мерки било констатирано дека двајцата биле на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ и до 9 јуни 2023 година користеле отсуство, се наведува во соопштението од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk