logo
logo
logo

Затворени три угостителски објекти во кои инспекторите затекнале гости и покрај забраната

Vecer | 14.04.2021

Затворени три угостителски објекти во кои инспекторите затекнале гости и покрај забраната

Три угостелски објекти од Струга, Гостивар и Битола се затворени оваа недела, откако во нив биле затекнати гости и покрај забраната.

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, соопшти дека една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки, седумте инспекциски служби спровеле вкупно 6.038 надзори и контроли.

„На лице место се затворени три угостителски објекти поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти. Изречени им се прекршочни платни налози“, соопшти претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

Од 1-ви март досега, вклучително со последниве податоци, од страна на ДПИ, затворени се вкупно 36 угостителски објекти, поради прекршување на здравствените протоколи и закони, односно поради организирање на свадби, прослави, настани, непочитување на број на присутни и групирања.

Овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 11.962 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на Ковид-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од Ковид-19, што е за 2.000 помалку споредено со претходната недела.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk