КОНФЕРЕНЦИЈА НА ИСЕЛЕНИЦИ

Заслужните иселеници од Иванов добија медали

Секоја генерација има своја борба. Нашите славни илинденци и АСНОМ-ци се бореле за слободна, суверена и независна Македонија. Ние, пак, се бориме за почитувана, успешна и просперитетна, европска и евроатлантска Република Македонија, рече претседателот Ѓорге Иванов обраќајќи се на доделувањето Медал за заслуги за Македонија и Повелба на Република Македонија за македонската дијаспора.

Претседателот посочи дека нашата борба е на два фронта, дома и надвор за што од голема помош се иселениците

Претседателот Иванов го додели признанието Повелба на Република Македонија" на Заедницата на Македонците во Република Хрватска, Македонскиот клуб Илинден", Хуманитарното здружение на жени Надеж", Македонската добротворна организација, Македонската општина на Западна Австралија, Радиото "Обединета Македонија".... Признанието "Повелба на Република Македонија" се доделува за особени заслуги и достигнувања на организациите во насока на зачувување и афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности, како и за придонес кон унапредување на пријателските односи и соработка со повеќе држави во светот.

Со "Медал за заслуги за Македонија" претседателот Иванов ги одликува припадниците на македонската дијаспора Спасо Божинов, Омер Калеши, Ердован Етоски, Зоран Костадинов, Андон Дончевски, Владимир Стрезов, Ристо Стефов и Борис Папучкоски. Медалот за заслуги за Македонијаа се доделува на поединци - припадници на македонската дијаспора, за исклучителната посветеност и ангажираност во нивното работење и дејствување, со што значително придонесуваат кон афирмација на Република Македонија во светот.




Поврзани

Најнови вести

Коментари