Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44, 20 за возење без возачка дозвола, 10 санкции за вградени неатестирани фолии, осум за нерегистрирани возила, четири за користење на мобилен телефон.