logo
logo
logo

ЗАПАЛЕНО ВОЗИЛО во Кичево!

Vecer | 27.07.2021

ЗАПАЛЕНО ВОЗИЛО во Кичево!

Рано изутрина во 0:50 часот на улицата „Драге Карбуничанец“ во Кичево, опожарено е возило  марка „фолксваген пасат“ со странски регистарски ознаки. Од пожарот, предизвикан од непознати причини, нема повредени лица.

-Рано изутрина во  00.50 часот на улица „Драге Карбучанец“ опожарено е патничко моторно возило со странски регистарски ознаки. Во време на пожарот возилото било празно и нема повредени лица. Со интервенција на  екипа од ТППЕ Кичево пожарот е изгаснат и спречено е негово натамошно ширење, информира Горан Соколески, командир на Територијалната противпожарна единица од Кичево.

Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk