logo
logo
logo

Законот за учбници ЌЕ ГО НОСАТ СО ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ, да нема многу дискусии?!

Vecer | 27.04.2021

Законот за учбници ЌЕ ГО НОСАТ СО ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ, да нема многу дискусии?!

Дали како и многу закони досега, така и сега владата ќе го искористи европското знаменце за да го протурка и законот за учебници. Предлогот за дигитални учебници предизвика бура од несогласувања во јавноста, а потоа беше повлечен наводно на доработка.

Од власта исто така ретерираа дека не кажале дека ќе се укинуваат учебниците на сметка на дигиталните, но инсистира на нивно постепено воведување почнувајќи од четврто одделение. На таквата одлука јавноста се закани со протести.

Од Министерството за образование објаснуваат дека на седница на Влада законот ќе се усогласи со европските препораки, односно со двете иницијативи на Европската комисија за квалитет, инклузија, еднаквост како и со достапно дигитално образование.

Опозицијата се сомнева дека намерата е само додадавње европско знаменце, а со тоа и собраниска процедура која ја ограничува комисиската расправа на два дена. Дигиталните учебници ги сметаат за глупава идеја зашто 25 илјади ученици немаат пристап  до интернет.

Владата ветува дека ќе најде средства и нема да дозволи ниедно дете да биде оштетено.

Законот предвидува дигитална форма на учебниците прво за учениците од четврто одделение. Наредната година, за четврто и петто, потоа за четврто, петто и шесто. Паралелно, по потреба ќе продолжи и печатењето. Постепено воведување и напредно дигитално образование – се основните адути на оваа реформа, што ги забрза потребата од учење на далечина заради здравствената криза.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk