logo
logo
logo

Милошоски:

Законот за државјанство НЕ МОЖЕ ДА СЕ НОСИ СО ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ

Vecer | 16.06.2021

Законот за државјанство НЕ МОЖЕ ДА СЕ НОСИ СО ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ

Класична злоупотреба на европското знаменце е доколку владата се реши на тој начин да го носи Законот за државјанство, вели Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, за „Утрински брифинг“ на Слободен печат.

Милошоски потенцира дека ЕУ нема унифициран акт или резолуција во однос на државјанствата и затоа не може да се врши злоупотреба на европското знаменце и тоа е неделовнички и погрешно, исто како што е погрешно за истиот да одлучуваат само 2 или 3 партии, а не сите.

- Законот за државјанство е неусогласен помеѓу сите политички партии и не е соодветно тој да биде договорен помеѓу 2 или 3 партии, а да исклучи други 4 или 5. Тој ги опфаќа сите граѓани и треба да ги опфати сите партии во договарањето за дополнувања на тој закон. Владата реши да оди со помал број а партии во договарање и тоа не е во ред.  Второ тој закон има многу слабости кои се спротивни на европските пракси како се стекнува државјанство, истакна Милошоски.

Во однос на локалните избори Милошоски изјави дека подготовките се одвиваат и на ниво на општински комитети и а ниво на соработка со коалиционите партнери.

- ВМРО-ДПМНЕ е расположена да го прошири опозициониот блок, а се со цел да се зголемат шансите на оние кандидати кои сметаме дека е подобро да ги извршуваат локалните обврски наместо Шилегов, Теута, Наташа Петровска и другите градоначалници кои не ги исполнија своите ветувања кон граѓаните, рече Милошоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk