logo
logo
logo

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТОТ НА ДЕЦАТА НА МИЦКОСКИ во време кога тој посочува за притисоци, МВР на Спасовски молчат, НГО блиски до владата ги нема

Vecer | 31.03.2023

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТОТ НА ДЕЦАТА НА МИЦКОСКИ во време кога тој посочува за притисоци, МВР на Спасовски молчат, НГО блиски до владата ги нема

Закани по животот упатени кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но и неговите деца се упатени од лице на социјалните мрежи, а засега без реакција на надлежните.

Лице на социјалната мрежа Фејсбук потпишано како Роберт Типчето кој навел дека е од Струмица, во една од заканите до лидерот на опозицијата му порачува дека ако му била мила фамилијата да седи мирен, во спротивно децата ќе ги најде во ендек како кучиња.

- Една порака до Христијан Мицкоски ако му е мила фамилијата и децата нека седи мирен во спротивно неговите деца ќе завршат во некој ендек како кучијна мувите ке ги плукаат, пишува тој на Фејсбук.

Ова се сериозни закани, за кои веднаш е потребна итна реакција од страна на надлежните, но до овој момент нема информации за реакција од страна на МВР и министерот Оливер Спасовски.

Според Фејсбук профилот на лицето кое ги испраќа заканите може да се забележи дека истиот е симпатизер на владејачката СДСМ и редовно ги споделува и фали премиерот Димитар Ковачевски, но поранешниот премиер Зоран Заев.

Закани до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се упатени и од друг профил на Фејсбук од лице потпишано каако Роберт Тркалај, за кој нејасно е дали станува збор за истиот, но заканите се исти.

Заканите доаѓаат во момент кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неколку наврати јавно се огласи дека нема намера да се помести ни милиметар од неговите ставови и дека нема да дозволи уставни измени, но и кога изјави дека има големи притисоци за истото.

Она што зачудува, нема ни реакција од одредени невладини и активисти кои во други случаи знаеле да бидат прилично гласни, веднаш да реагираат па дури да се огласат со членови од закони, што е точно прекршено и дури како би гласело обвинението.

Претходно јавноста била сведок како МВР и обвинителството реагирале по закани испратени по социјалните мрежи, па се очекува да не чекаат и за овој случај и што поскоро да го расчистат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk