logo
logo
logo

Захариева: Гоце Делчев и Илинден СЕ ВО ПРОТОКОЛИТЕ кои треба да станат дел од преговарачката рамка

Vecer | 27.06.2022

Захариева: Гоце Делчев и Илинден СЕ ВО ПРОТОКОЛИТЕ кои треба да станат дел од преговарачката рамка

Македонија мора да подготви патоказ и да покаже трајна политичка волја и трајно спроведување на обврските за човековите права. И овој патоказ, кој треба да го подготват, ќе се следи од отворањето на кластерот „фундаментални прашања“ до крајот на преговорите и секоја година ќе треба да се разгледува, изјави поранешната шефица на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева во изјава за „BG on air“.

Таа додаде дека  ЕК ќе известува, но ЕК мора да поднесе извештај на Меѓувладините конференции кои се одржуваат секоја година, а таму е и Бугарија

-Всушност, ова е Советот. Тоа се меѓувладини конференции. Има 27 земји, плус земјата кандидат“, рече поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија.

Захариева посочи дека Имплементацијата на билатералниот договор меѓу Софија и Скопје и протоколите и документите кон него стануваат дел од преговарачката рамка на Македонија за преговорите со ЕУ. Ова се случува за првпат.

Во однос на протоколите наведени во Преговарачката рамка, Захариева појасни дека пред актуелниот протокол, кој се очекува да го потпише Македонија, има уште еден потпишан пролетта 2019 година.

„Во овој протокол ги има и Гоце Делчев и Илинден. Има јасни рокови. Но, овој протокол не само што не го забрза задоцнетото спроведување на Договорот, туку како да го одложи, па уште тогаш почнавме да сфаќаме дека е многу важно да се заложиме ние и нашите европски партнери и целиот преговарачки процес, Република Северна Македонија да ги исполни своите обврски, бидејќи тие не се само билатерално прашање, како што се обидуваат да го поедностават, тоа е прашање за основните човекови права. Тоа се заложби што ги презедоа во процесот на стабилизација и асоцијација, рече таа.

Според неа станува збор за говорот на омраза, повторно дел од тој процес.

-  Така почнавме да работиме тогаш. Драго ми е што, иако две години подоцна, нашите европски партнери покажаа разбирање и предлогот што дојде од француското претседателство е навистина што е можно поблизок и според мене максимумот што Бугарија навистина може да го добие како разбирање“, коментира Захариева.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk